(Фото) Омилената џебна Венера избра гламурозен фустан за големиот настан: за некои фанови ова беше целосно промашување

Актерката и режисерка Ева Лонгорија блесна на гала вечер во Лос Анџелес. За таа пригода, таа избра гламурозен фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги истакнува сите нејзини луксузни атрибути.

Креацијата е украсена со розов материјал со светки, но и длабоко деколте со облик во срце што ги нагласува градите. Зад овој „Барби“ фустан стои познатиот либански дизајнер Ели Сааб, а омилената џебна Венера со задоволство го носеше за посебната вечер.

И додека модните критичари пишуваат пофалби за оваа убавица, јавноста на социјалните мрежи не е премногу задоволна од нејзиниот стил, пишува порталот „The Blast“.

„Фустанот беше дизајниран за високи жени. Мораше да се измени за да им одговара на пониските. Секако, фустанот е прекрасен“, „Едвај ги собра градите во тој корсет“, се само некои коментари.

Сепак, имаше и такви кои напишаа само убави зборови.

„Фустанот е прекрасен, исто како Ева“, „Го обожавам нејзиниот стил“, пишуваат фановите.

За да го надополни својот аутфит, актерката носеше фризура стилизирана во ретро стил, но и впечатлива шминка во темни тонови.

За накит, таа носеше дијамантски ѓердан кој совршено го заокружи овој гламурозен изглед.

фото: принтскрин

Scroll to Top