(Видео) Јордан Митев објави нова песна посветена на неговиот син

Познатиот македонски музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции… И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син…

 

„20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена“, низ смеа вели Митев.

„Ми фалат денови за уште некоја отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее… па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја“, вели Митев.

Тој најави дека за Новогодишните празници ќе биде во Швајцарија, а за Бадник и Божик сака да биде дома со семејството.

„Потоа потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада. На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење“, вели Митев.

Scroll to Top