(Видео) Даниел Данн објави нова песна „Ќе се шекнам“

Даниел Данн со новиот сингл и видео запис „Ќе се шекнам“ ја започнува новата година. Песната е дел од EP изданието „TOP“, објавено под етикетата UP28 Music.

Автор и продуцент на песната е Александар Ристовски – Принц, кој со својата поддршка и креативна соработка придонесе Daniel Dann повторно активно да се врати на музичкото творештво и да започне со реализација на нови проекти.

Видеото е реализирано во продукција на Hit Maker, кои воедно му ја доделија и наградата за машки артист на годината. Во спотот учествуваат истакнати танчери и кореографи Даниел Коцев, Леонтина Ѓорѓиевска и Стефи Здравковска, додека за мејкапот е задолжена Марија Лазарова (Trend AS by ML).

„Среќен сум што токму со ‘Ќе се шекнам’ ја започнувам новата година. Овој проект за мене претставува нов почеток и силна мотивација со уште поголема посветеност да продолжам со реализација на следните музички проекти.“, вели Даниел Данн.

Песната „Ќе се шекнам“ од денес е достапна на сите музички платформи.

 

Scroll to Top