Синот на Даниел Редклиф нема поим кој е неговиот татко: „Сакам да остане така што е можно подолго“

Даниел Редклиф, најпознат по улогата на Хари Потер, сака неговиот двегодишен син да го гледа исклучиво како татко, а не како познатиот волшебник, што е можно подолго. Актерот, кој го одгледува својот син со долгогодишната партнерка Ерин Дарк, го откри ова во ново интервју за The New York Times.

Пред неговиот нов ангажман на Бродвеј во претставата Every Brilliant Thing, Редклиф одговори на прашањето дали неговиот син, чие име двојката не го открива на јавноста, знае дека го играл главниот лик во сите осум филмови за Хари Потер.

„Дали мојот син знае кој е Хари Потер? Не, сè уште не“, рече Редклиф.

Тој сподели и една симпатична анегдота.

„Некој неодамна ми даде ДВД да го потпишам, и стоеше на нашата кујнска маса неколку дена. Во еден момент, мојот син беше до него, па го прашав: „Кој е тоа?“ за да видам дали ме препознал на корицата. Тој не ме препозна, што беше одлично. Додека можам само да му бидам татко, а тој не ме познава како некој друг, ќе се обидам да го задржам тоа што е можно подолго“, рече актерот.

Иако Редклиф ретко зборува за својот син, во јуни 2024 година изјави за E! News дека татковството е „најдобрата работа“ што му се случила. „Плачам многу повеќе, на добар начин“, се пошегува тој во тоа време. „Тоа е едноставно најдобрата работа што ми се случила“.

За време на неговиот говор по повод приемот на доделувањето на наградите Тони истиот месец, каде што ја освои својата прва награда, тој одржа емотивен говор до своето семејство. „Љубов моја Ерин – ти и нашиот син сте најдобрите работи што ми се случиле. Те сакам толку многу, ти благодарам“, рече тој.

Актерот претходно зборуваше за можноста неговиот син да ги следи неговите стапки. Иако не би му забранил да го стори тоа, тој призна дека не е сигурен дали сака неговиот син да се приклучи на индустријата за забава.

Во јули 2023 година, Радклиф потврди во интервју за Entertainment Tonight дека тој и Дарк добиле момче. „Одлично е. Лудо е и интензивно, но тој е прекрасен, а Ерин е неверојатна. Вистинска привилегија е да се има ова време со него“, рече тој тогаш.

Додаде дека отсекогаш планирал да направи пауза откако ќе се роди детето. Кога го прашале како татковството ќе влијае на улогите што ќе ги преземе, тој рече дека дефинитивно ќе биде поселективен.

„Навистина уживам во поминувањето време со него и мислам дека ќе ми недостига кога ќе се вратам на работа. Затоа веројатно ќе работам малку помалку во следните неколку години“, објасни тој. „Но, никогаш нема да престанам да работам. Не мислам дека тоа би било добро ниту за мене.“

Scroll to Top