(Видео) Десетка за храброста: Дуа Липа никогаш попровокативна на настан во Италија

Познатата пејачка Дуа Липа (30), беше една од гостинките на настанот организиран од Bvlgari, каде што се појавија и Ен Хатавеј и Пријанка Чопра, па затоа немаше недостаток на елеганција и гламур.

Како и секогаш, провокативна, Дуа Липа воодушеви со своето модно издание. За посебниот настан во Италија, таа избра елегантен фустан со многу длабоко деколте, под кој се гледаше виолетов градник, а сè комплетираше со спектакуларен смарагден накит.

@bvlgari @Dua Lipa ,@Anne Hathaway, Jake Gyllenhaal, Priyanka Chopra Jonas, Yifei Liu, Kim Jiwon at the debut unveiling of the Bvlgari #Eclettica High End collection. #Bvlgari ♬ audio originale – Bvlgari

Таа дополнително ја истакна својата убавина со силна вечерна шминка и со право беше една од ѕвездите на вечерта. За нејзиниот стајлинг беше задолжена модната куќа Balmain.

Покрај неа, своите модни вештини ги покажа и Пријанка Чопра, која избра фустан во боја на сирена, а Ен Хатавеј позираше во прекрасна црвена креација.

Дуа Липа е секогаш во центарот на вниманието, а покрај тоа што е главна тема на настанот на кој се појавува, секоја нејзина објава на социјалните мрежи е вистински рај за очите.

Убавата пејачка обожава да позира во бикини и често ги покажува романтичните моменти со својот вереник Калум Тарнер.

Scroll to Top