Гастро-фестивал во парк на франкофонијата во Скопје: нож и вилушка на европска чинија

На 9 мај 2026 година, во Паркот на Франкофонијата се организира настан кој ја слави европската култура, вредности и заедништво преку симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со гастрономски понуди, музика и културни содржини инспирирани од европската традиција и современ живот.

Настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до публиката, создавајќи простор за дружење, размена на идеи и уживање во уникатни вкусови. Преку внимателно осмислена атмосфера, Паркот на Франкофонијата ќе се претвори во место каде што се спојуваат гастрономијата, уметноста и духот на Европа.

Посебен акцент ќе биде ставен на учесниците кои ќе ги претстават своите кулинарски специјалитети, како и на музичката програма која ќе понуди динамично и пријатно искуство за сите генерации.

Забавата почнува со програма за најмладите:

Поточиња

In The Mood

DJ Carlito

Via Skopje

DJ Александар Јорданов

Куку Леле (завршница на вечерта)

Ова случување претставува можност за уживање, инспирација и заедничко одбележување на европските вредности во урбано и отворено опкружување.

Проектот е составен дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Scroll to Top