Шарлиз Терон направи спектакл во Њујорк: се искачи по ѕид сред Тајм сквер за промоција на „Apex“

Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон приреди вистински спектакл во срцето на Њујорк, претворајќи го Тајмс Сквер во сцена за акција, додека го промовираше својот нов филм „Apex“.

Наместо класична промотивна турнеја, добитничката на Оскар одлучи да привлече внимание со несекојдневен потег – се искачи по ѕид за качување пред бројна публика, која веднаш се собра да го проследи настанот.

Облечена во едноставен, но впечатлив бел аутфит, Терон покажа дека и понатаму е во врвна форма и дека ваквите физички предизвици ѝ се добро познати, имајќи предвид нејзините бројни акциони улоги.

Овој настан беше дел од промоцијата на новиот трилер „Apex“, кој од 24 април е достапен на платформата Netflix. Во филмот, Терон ја толкува улогата на жена која, по лична трагедија, се упатува во дивината на Австралија, каде што се соочува со опасна игра на преживување против лукав убиец, лик кој го игра Тарон Егертон.

Филмот е во режија на Балтазар Кормакур и веќе привлекува внимание со својата напната приказна и динамични сцени.

Со овој потег, Шарлиз Терон уште еднаш покажа дека знае како да ја освои публиката – не само на филмското платно, туку и во живо.

Scroll to Top