Општина Битола инвестира во младински идеи: отворен повик за проекти

Општина Битола објавува јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола за поддршка на проекти за млади за 2026 година.

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на младински организации и организации за млади за спроведување на проекти и активности за младите од Општина Битола за 2026 година.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Битола согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2025 година во висина од 550.000,00 денари (петстотини и педесет илјади) се врши преку грантови за проекти за млади.

За критериумите за аплицирање, потребната документација за пријавување, рокот и начинот на доставување на пријавите и начинот на спроведување на јавниот повик повеќе на:

https://www.bitola.gov.mk/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B8/

Јавниот повик ќе трае 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавувањето заклучно со 11 мај 2026.

Scroll to Top