(ВИДЕО) Историски момент за битолско Ротино: по 100 години чекање жителите добија асфалтиран пат до црквата

Во селото Ротино деновиве се реализира завршната фаза од реконструкцијата на патот кој води до црквата, при што се врши асфалтирање на улицата.

Жителите на Ротино истакнуваат дека со децении чекале реализација на овој проект, при што изразуваат благодарност до локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како и до советниците.

Вредноста на проектот изнесува 5.185.870 денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт, во рамки на вториот владин повик, на кој Општина Битола добила одобрување за голем број проекти.

Градоначалникот Коњановски истакнува дека ваквите инвестиции се потврда на заложбите на општината за подобрување на условите за живот и во руралните средини, со фокус на подобра инфраструктура и поврзаност на населените места.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Scroll to Top