Сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, отворено проговори за тежок период низ кој поминало семејството по смртта на неговиот брат Драган Лазиќ, откривајќи дека го советувала да побара стручна помош.
Во интервју за „Блиц“, таа истакна дека загубата била особено тешка за Дарко, но и за целото семејство, поради што сметала дека разговор со стручно лице може да му помогне да се справи со болката.
„Му реков дека, ако ќе му биде полесно, треба да разговара со некого. Не побара таква помош, но утеха најде во верата, во црквите и манастирите. Разговараше со свештени лица и така му беше полесно“, изјави Катарина.
Таа додаде дека, и покрај тежината на ситуацијата, Лазиќ не размислувал да се откаже од музиката, иако му било тешко повторно да настапува.
„Не сакаше да престане да пее, и поради семејството и поради музиката“, нагласи таа.
Катарина се осврна и на нивната љубовна приказна, откривајќи дека се запознале преку нејзината сестра која соработувала со пејачот, и дека тој е нејзината најголема љубов.
„Можам да живеам од својата работа и да не ми е сопруг Дарко Лазиќ. Но, тој е мојата најголема љубов“, изјави таа.
Таа призна дека ѝ било тешко кога во минатото ја прекинале врската, пред Лазиќ да се ожени со Ана Севиќ, нагласувајќи дека никогаш не сакала да дојде до тоа.
Во интервјуто зборуваше и за односот со поранешните партнерки на пејачот, Марина Гагиќ и Ана Севиќ, при што посочи дека е поблиска со Ана. Осврнувајќи се на децата на Лазиќ од претходните врски, таа истакна дека ги доживува како деца на блиски луѓе, но не како свои.
Катарина нагласи и дека никогаш не го изневерила својот поранешен сопруг со Лазиќ, како и дека детето го добиле во период кога и двајцата биле подготвени за тоа.





