Тоневски: Улицата „3-ти Април“ добива нов асфалт и подобри услови за сообраќај

Во тек е асфалтирањето на дел од улицата „3-ти Април“ во Пробиштип, при што се очекува во текот на денешниот ден целосно да биде завршено поставувањето на новиот асфалтен слој.

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека по завршувањето на оваа фаза ќе продолжат градежните активности со изградба на тротоари на преостанатиот дел од улицата.

Со реализацијата на овој проект, како што посочи Тоневски, значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата.

Scroll to Top