Пратеникот Дејан Проданоски преку видео-обраќање испрати порака за поголема грижа кон Прилеп и повика на заедничка одговорност за развојот на градот, нагласувајќи дека секој граѓанин има улога во неговото уредување и напредок.
„Прилеп е наш заеднички дом и ако самите не си го почитуваме и чуваме градот, никој друг нема да го направи тоа за нас“, порача Проданоски.
Тој се осврна и на значењето на локалните манифестации, истакнувајќи дека настани како „Фестивалот на пивото“ не се само забава, туку и важен двигател на локалната економија.
Според него, целта на ваквите настани е да привлечат што поголем број туристи, да ја раздвижат економската активност и да им овозможат на локалните бизниси поголем промет.
„Инвестирањето во манифестации како ‘Фестивалот на пивото’ е важно за локалната економија. Наша цел е да донесеме туристи, да го раздвижиме бизнисот и луѓето да пазарат тука. Тоа се пари кои се враќаат во градот и го развиваат стопанството, а воедно нудиме и забава за сите“, истакна Проданоски.
На крајот од своето обраќање тој упати повик до граѓаните да се насочат кон конструктивност и заедничка работа во интерес на градот.
„Наместо да критикуваме секојдневно, ајде да се фокусираме на решенија и напредок за Прилеп“, порача Проданоски.






