Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана.
Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото и македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам благодарницата “Илинден”. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај.
Додава дека го информирал за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, како и за тековните активности и ангажманот на друштво.
Искажав голема благодарност за честа да се сретнам и да поразговарам со г.г. Стефан и во оваа прилика, му подарив и примероци од македонскиот весник “Илинден“ и Брошурата на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН на македонски јазик, нагласи Ѓурѓај.
Исто така, додава тој, го информирал и за добрата соработка што ја имаат со Поглаварот на Албанската афтокефална православна црква, го.г. Јоан.






