Гасниот интерконектор со Грција влегува во завршна фаза – пуштање во употреба во првата половина на 2027 година

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година.

– Да бидам чекор пооптимист, во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасовод – изјави Мицкоски, додавајќи дека проектот се реализира со сопствени средства, без кредити, заеми, донации или грантови.

Тој истакна дека паралелно се активираат и нови инфраструктурни проекти во гасоводната мрежа во земјата.

 

– Во тек се три нови проекти коишто се рестартираат: гасоводот Велес – Штип, Гостивар – Кичево и отсечка која од Тетово ќе се насочи кон Косово – рече премиерот.

Мицкоски посочи дека за делот кон Косово останува на косовската страна да одлучи дали ќе го продолжи развојот на трасата на своја територија.

Scroll to Top