Комичарот Марсело Ернандез се најде во центарот на вниманието по гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“, каде што со насмевка ги негираше шегите на Кевин Харт дека тајно внел мобилен телефон на наводната свадбена церемонија на Тејлор Свифт и Тревис Келси.
За време на разговорот, водителот Енди Коен го праша Ернандез што било најизненадувачкото нешто што го видел на свадбата.

„Најголемото изненадување беше што го запознав Том Круз. Имав можност да разговарам со него, а откривме дека и двајцата сме пораснале во дом со многу жени, па имавме интересна тема за разговор“, рече 28-годишниот комичар.
Тој додаде дека му било интересно и дружењето со бројните спортисти кои присуствувале на настанот.
„Беше како ESPY Awards пред самите ESPY Awards“, се пошегува Ернандез.

Во тој момент се вмеша Кевин Харт, кој низ смеа рече:
„Виде многу повеќе од тоа, бидејќи ми праќаше видеа.“
Изненаден од коментарот, Ернандез одговори:
„Извини, што кажа?“
Харт продолжи со шегата:
„Ми праќаше видеа. Ми велеше: ‘Кев, не можам да верувам. Не смеат телефони, ама јас успеав да внесам еден.’ Се сеќаваш?“
Комичарот веднаш избувна во смеа, а потоа јавно се обрати до Тревис Келси:
„Не го направив тоа. Еј, Трев, не го направив тоа!“
Сепак, Кевин Харт продолжи со шегувањето, инсистирајќи дека наводно добивал снимки од церемонијата.
Според написот, Ернандез бил меѓу бројните познати личности кои присуствувале на наводната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси, заедно со имиња како Џенифер Лопез, Нели, Селена Гомез и Џиџи Хадид. Тој бил придружуван од својата девојка Ана Амелија Батље Кабрал.
Во написот се тврди дека церемонијата се одржала на 3 јули во „Медисон Сквер Гарден“, била во градинарски стил, а ја водел актерот Адам Сендлер. Исто така се наведува дека младенците размениле завети кои траеле околу 20 минути, носеле креации на „Кристијан Диор От Кутур“, а Тејлор Свифт наводно пристигнала до олтарот со својата песна „Love Story“ од 2008 година.






