Над 101 милион денари промет на Берзата оваа недела: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 101.005.840,66 денари, од кои 94.064.590,66 денари беа реализирани преку класично тргување, додека 6.941.250 денари беа реализирани преку блок-трансакции.

Ликвидноста во неделата ја водеа Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Гранит Скопје.

Топ добитници

· Стопанска банка Скопје +1,58%
· Реплек Скопје +0,66%
· Алкалоид Скопје +0,44%

Топ губитници

· Макпетрол Скопје –0,94%
· Комерцијална банка Скопје –0,38%

Најтргувани хартии од вредност

· Комерцијална банка Скопје – 61.216.092 денари
· Алкалоид Скопје – 16.819.829 денари
· Гранит Скопје – 4.395.000 денари

Блок-трансакции

Во текот на неделата беа реализирани две блок-трансакции: Комерцијална банка Скопје – 93 акции по 26.250 денари, во вредност од 2.441.250 денари, и Алкалоид Скопје – 200 акции по 22.500 денари, во вредност од 4.500.000 денари.

Обврзнички пазар

Во обврзничкиот сегмент беше реализиран промет од 237.546,82 денари: Р. Македонија – денационализација 17 (8.323,79 денари), 18 (43.153,82 денари) и 22 (186.069,21 денари). Во јавната понуда, со ИУТЕ Кредит обврзници – I емисија беше реализиран промет од 6.395.378,84 денари.

Неделата заврши со промет од 101.005.840,66 денари, предводен од Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Гранит Скопје. Најголем неделен раст забележа Стопанска банка Скопје со +1,58%, а најизразен пад Макпетрол Скопје со –0,94%.

Scroll to Top