Обновата и модернизацијата на охридскиот аеродром ,,Свети Апостол Павле“добија широк одек во турските медиуми

вестицијата на ТАВ од 2,7 милиони евра привлече внимание кај турските медиуми, кои известуваат за модернизацијата на терминалот, зголемениот капацитет и растот на патничкиот сообраќај.

Реконструкцијата и надградбата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид добија простор во бројни медиуми во Турција. За завршувањето на инвестицијата известуваат HavaSosyalMedya, Patronlar Dünyası, Kapsül Haber Ajansı и Haber Limanı, а веста ја пренесуваат и новинската агенција DHA, економскиот медиум EKOTÜRK, воздухопловниот портал Haber.aero, HaberMax и туристичкиот медиум GM Tourism.

Во фокусот на објавите е инвестицијата од 2,7 милиони евра, со која се обновени 3.364 квадратни метри од терминалот. Турските медиуми ги издвојуваат проширувањето на просторот за регистрација на патници, безбедносните проверки и пасошката контрола, како и модернизацијата на аеродромските излези, просторот за подигнување багаж и салите за пристигнување и заминување. Haber.aero

 

HavaSosyalMedya ја објавува веста под наслов „ТАВ го обнови охридскиот аеродром со инвестиција од 2,7 милиони евра“. Покрај реконструкцијата, порталот го истакнува и растот на сообраќајот, наведувајќи дека аеродромот, кој преку осум авиокомпании е поврзан со 17 дестинации, во 2026 година го забележал највисокиот број патници во летната сезона во својата историја. HavaSosyalMedya

Економскиот портал Patronlar Dünyası пишува за проширените и модернизирани простории, вклучувајќи ја и административната зграда, со која се обезбедени нови работни простори за аеродромските служби, граничната полиција и царината. „Со тоа е зголемен оперативниот капацитет на аеродромот“, наведува медиумот. Patronlar Dünyası

Kapsül Haber Ajansı, пак, ја пренесува изјавата на главниот извршен директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан: „Годишниот патнички сообраќај го зголемивме повеќе од четирикратно“. Во објавата се наведува дека компанијата од 2010 година досега инвестирала околу 300 милиони евра во аеродромите во Скопје и Охрид. Агенцијата го претставува и Охрид како значаен туристички центар, истакнувајќи ги езерото, биолошката разновидност и природното и културното наследство заштитено од УНЕСКО. Kapsül Haber Ajansı

Haber Limanı известува за пуштањето во употреба на обновениот терминал и ја пренесува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски: „Благодарение на успешната работа на ТАВ Аеродроми, охридскиот аеродром годинава постигна значајни рекорди“. Порталот ги издвојува модернизацијата и проширувањето како зафати со кои е зголемен оперативниот капацитет. Haber Limanı

Веста ја објавува и турската новинска агенција DHA, која информира дека обновениот терминал е отворен на свеченост со присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и раководството на ТАВ. DHA

EKOTÜRK ја става инвестицијата во насловот — „ТАВ Аеродроми ја заврши инвестицијата од 2,7 милиони евра во охридскиот аеродром“ — и ги пренесува податоците за обновениот терминал и авиоповрзаноста на Охрид. EKOTÜRK

За проектот известуваат и HaberMax и GM Tourism, со акцент на модернизацијата и зголемувањето на капацитетот. Со објавите во новински, економски, воздухопловни и туристички медиуми, обновата на „Свети Апостол Павле“ добива видливост пред различни публики во Турција, а заедно со инвестицијата се пренесуваат и информации за туристичката понуда и поврзаноста на Охрид. HaberMaxGM Tourism

Scroll to Top