Димитриеска-Кочоска: ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто за заштита на животниот стандард на граѓаните

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто.

Според неа, мерката е донесена како одговор на ризиците и актуелните движења на меѓународните пазари, со цел да се ублажат надворешните ценовни притисоци врз домашната економија.

Димитриеска-Кочоска посочи дека со намалувањето на ДДВ директно ќе се влијае врз малопродажните цени на горивата, а истовремено ќе се ограничи пренесувањето на повисоките трошоци врз цените на останатите производи и услуги.

 

„Продолжуваме со навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија“, порача министерката.

Таа нагласи дека Владата ќе продолжи да реагира навремено и одговорно, со цел да го амортизира влијанието на надворешните фактори врз домашната економија и да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Scroll to Top