Ким Кардашијан со две впечатливи изданија за 46. роденден: Метална мрежа, кристали и раскошни украси за глава

Ким Кардашијан го прослави својот 46. роденден со семејна вечера во Беверли Хилс, а за пригодата избра две архивски креации на Пако Рабан. Зелената и црвената верзија на краткиот кафтан ја претворија роденденската прослава во вистинска модна ретроспектива.

Основачката на „Скимс“ пристигна во ресторанот „Балди“, во хотелот „Валдорф Асторија“, облечена во смарагднозелена креација од метална мрежа, украсена со светкави камења. Длабокиот преден изрез и широките ракави го нагласуваа впечатливиот крој, додека соодветниот украс за глава му даде на изгледот дополнителна драматичност.

Комбинацијата ја дополни со црни сандали со високи потпетици од „Парис Тексас“, оставајќи ги фустанот и накитот во прв план.

Од смарагднозелена до црвена

Во текот на вечерта, Кардашијан се пресоблече во црвена верзија на истиот модел. И второто издание го придружуваше раскошен украс за глава, овој пат дополнет со голем приврзок во форма на крст.

Двете комбинации ја задржаа естетиката по која Пако Рабан стана препознатлив: метални елементи, проѕирност и спој на облеката со накитот.

 

За стајлингот беше задолжен Ло Роуч, а во изборот на архивските парчиња учествувал и Оливие Рустен. Според „Вог“, креациите потекнуваат од колекцијата висока мода за есента 1995 година.

Семејна вечера и торта со малини

На прославата присуствуваа нејзината мајка Крис Џенер, сестрите Кортни, Клои и Кајли, како и братот Роб Кардашијан.

Снимките од вечерта ја покажуваат славеничката како ги дува свеќичките на голема торта прекриена со малини. Меѓу семејните моменти и двете модни пресоблекувања, роденденот помина во знакот на гламурот што Ким со години го негува во своите јавни појавувања.

Scroll to Top