Гоца Тржан: Ќерка ми не сака да го види татко ѝ

Српкската пејачка Гоца Тржан со години се грижи сама за ќерката Лена, која ја доби во бракот со Иван Маринковиќ. По разводот, Гоца и Иван не се во добри односи, а сега пејачката првпат прогoвори и за односот на Лена со татко ѝ.

„Лена не контактира со својот биолошки татко.Таа не ни сака да има комуникација со него, воопшто не сака да го види. Самата одлучи, јас не ја притискам“, рекла Гоца во интервју за телевизијата К1.

Таа кажала и дека Лена го прифатила вториот маж на Гоца, Раша, како неjзин татко и дека често знае од него да побара совет.

„Сакам моето дете да е слободно, но сакам и да е умна, да учи и да ги проширува видиците. Нема врска што е одлична во училиште и што учи, ја терам секој месец да чита по две книги и да научи десет нови зборови. Важно е жената да биде образована и самостојна за да успее во животот“, додала Гоца.

Scroll to Top