Брена го спасила Саша Поповиќ кога останал без скршен динар

Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, вели дека искуството од деведесеттите години кога ги изгубил сите пари што ги заработил од музиката, го натерале да се тргне и да почне да се занимава со бизнис. Така, Поповиќ истакнува дека Лепа Брена и Боба Живоиновиќ му помогнале кога му било најтешко.

Саша Поповиќ парите што ги заработил со „Сладок грев“ ги изгубил во банката „Дафимент“.

„Да, говорев веќе за тоа како целокупната животна заштеда што ја стекнав занимавајќи се со музика, ја изгубив со штедењето во банката „Дафимент“ и тоа ми е искуство, верувајте ми, научив да се тргнам од таму и да почнам да се занимавам со бизнис. Не е тајна дека кумови ми се Брена и Боба и дека и двајцата ми помогнаа кога останав без динар и ме спасија тие денови да не ми станат најлошите моменти во мојот живот“, објасни Поповиќ.

Бидејќи често го напаѓале дека ја погребал српската музика и ги отрул младите генерации со турски мелос, Саша истакнува дека вистината е сосема поинаква и дека со „Ѕвездите на Гранд“ придонел за унапредување на домашната музичка сцена.

„Кога нашата продукција во 1998 година почна да работи, ја затекнавме музичката сцена целосно со турцизми, со многу арапски мелодии, индиски обработки, крадени песни. Не можевме да влијаеме на музиката што пејачите ја носеа затоа што тие го снимаа она што ќе им дадеше добар настап. Така беше сѐ до 2003 година кога почнавме со „Ѕвездите на Гранд“. Кога почнавме да контролираме како ќе се пее и кои песни ќе се снимаат, сѐ зазеде поинаков тек. Ја исчистивме музиката од сѐ што до тогаш затекнавме. Тоа беше далекосежен, одговорен и, пред сѐ, тежок процес. Денеска основата на „Гранд“ е добра и има квалитетна народна музика, помешана со модерна музика, која младите луѓе ја слушаат во целиот свет. А да не говорам за тоа колку прекрасни песни со натпреварувањето се вратија. Песните на Тозовац, песните на Тома Здравковиќ, на Силвана Арменулиќ, Џеј“, изјави Поповиќ.

 

 

 

 

Scroll to Top