Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ живеат во луксузна вила од 500.000 евра на Бежаниска коса

Српската пејачка Александра Пријовиќ изминатиот период е актуелна во регионалните медиуми по двата распродадени концерти во Белград и емотивните моменти на концертот на пејачката.

Александра веќе пет години е во хармоничен брак со Филип Живојиновиќ, посинок на пејачката Лепа Брена (62) и син на поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ (60). Музичкиот продуцент и пејачката заедно го имаат синот Александар, а живеат во вила на Бежаниска коса.

Вилата вредна, како што пишува Блиц, 500.000 евра, е опкружена со метална ограда и е уредена со вкус, без непотребни детали.

Како што може да се види од фотографиите кои Александра ги објавува на социјалните мрежи, во нивниот дом преовладуваат светлите бои, како беж, бела и сива.

Пијаното зазема посебно место во куќата. Пејачката најчесто се фотографира пред големо огледало во спалната соба.

Александра има и неколку фотографии како позира на терасата, па може да се види дека вилата е опкружена со зеленило, а терасата е украсена со цвеќиња.

Пријовиќ и Филип го купија овој луксузен имот по нивната венчавка.

Scroll to Top