Ана Брнабиќ јавно проговори за својата партнерка Милица

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во интервју за магазинот „Ало“ првпат јавно одговори на новинарски прашања поврзани со нејзината партнерка Милица. Таа вели дека поради неа, Милица станала јавна личност. Милица ја придружува Ана на јавните случувања во Белград, па затоа е во центарот на медиумското внимание.

„Милица има своја кариера, работа што е исклучително одговорна и тешка. Разговараме за мојата работа исто како што сите луѓе разговараат за својата професија во кругот на семејството. За жал, таа стана јавна личност, иако никогаш не го сакала тоа. Ме поддржува, ама и ме критикува. Имаме големо заемно почитување кон нашите кариери и разбирање за сите жртви што одат под рака со оваа работа“, рекла премиерката.

Таа додала дека Милица се појавува со неа на јавни настани во знак на поддршка, не затоа што навистина сака да биде видена.

„Благодарана сум ѝ за тоа. Се надевам дека граѓаните на Србија ја препознаваат мојата искрена љубив кон оваа земја и тоа што се обидувам да го направам, како и енергијата што ја вложувам. Единствено тоа треба да им е важно. Мојот приватен живот, сепак, треба да е само мој“, рекла Брнабиќ.

 

Scroll to Top