Ана и Раста се договараат за вилата во 500.000 евра

Пред разводот Ана Николиќ и Раста почнаа да градат куќа од 500 квадратни метри, во која имаа намера да вложат околу половина милион евра, а сега пејачката одлучи недовршената вила да му ја препушти на својот поранешен сопруг.

Ана и Раста се разведоа, но успеаја да се договорот и за куќата што заедно ја градеа.

„Раста мислел дека нема да биде проблем куќата затоа што Ана веќе си има свој стан, па бил убеден дека ќе му го препушти тој плац со паричен надомест. Од друга страна, Ана била таа што го форсирала купувањето на имотот и многу повеќе се вклучувала во изградбата и распоредот на просториите, па ѝ било логично тој да ѝ ја отстапи. Адвокатите се обидувале да ги убедат да најдат некое решение за да не завршат на суд. На Раста му бил потребен овој простор, а меѓу другото и да има свое студио, кое било вцртано во планот“, наведува извор близок до некогашниот брачен пар.

Адвокатот Боривој Боровиќ потврди дека Ана одлучила да куќата му припадне на Раста.

„Еве, тука покрај мене е адвокатката што го работи тоа. Кога беше правен договорот, тоа беше толерантен разговор во кој таа му рече дека не ја интересира никаков имот поради тоа што има сопствен стан. Така, куќата му припадна нему. Што се однесува до алиментацијата, остана во договорот да го запише износот, а тој напиша 2.000 евра“, изјави Боровиќ.

Инаку, куќата што не е завршена се наоѓа на плац од 10 ари. Во дворот бил планиран и базен.

 

Scroll to Top