Ана Николиќ го посети Раста во затвор, му се закани дека ќе му ја земе ќерката

Пејачката Ана Николиќ го посети својот сопруг, раперот Раста, во затвор. Ана го прекинала одморот во Дубаи ѝ се вратила во Белград за да ја земе ќерка си Тара од неговите родители.

„Ана го посети Раста веднаш по враќањето во Белград. Кога се виде со него, почна да му вика дека е неодговорен и дека ја довел Тара во опасност. Го нарече наркоман. Тој ѝ возврати дека е шизофрена и насилна. Ана му се закани дека ќе му го одземе старателството ако не прекине да се дрогира“, открива нејзин близок пријател.

Тој вели дека кавгата била толку жестока, па затоа морале да интервенираат и стражарите за да ги смират. Раста постојано повторувал дека не сака повеќе да ја види.

„Ѝ викаше дека е алкохоличарка и дека може да ја пријави во Центарот за социјална работа затоа што пиела алкохол“, дополнува изворот.

Тој вели дека стражарите морале да ја прекинат посетата за да ги раздвојат.

За потсетување, Раста минатата недела беше уапсен во Белград кога кај него била пронајдена голема количина наркотици. Заедно со него е уапсено уште едно лице. Против него е поведено обвинение за недозволено производство и ставање во промет опојни дроги.

Судијата му одредеи притвор од еден месец.

 

Scroll to Top