Српската пејачка Ана Николиќ вели дека успеала да услабе 52 килограми за инат на нејзиниот поранешен сопруг, познатиот рапер Стефан Џуриќ Раста, пишуваат српските медиуми.
Таа открива дека во еден период од својот живот, сватила дека е јавна личност и дека многумина ја прозиваа поради насобраните килограми. Но, вели дека тоа сега е зад неа.
„Сите се прашуваат како успеав да ослабам толку килограми. Предавањето не е опција. Тоа беше мојата животна филозофија. За мене се мртви пријателките кои се радуваа на мојот развод и дебелина“, вели Николиќ во изјава за медиумите.
Таа вели дека со таблетите за слабеење, правилната исхрана и тренинзите успеала да се врати во форма. Пејачката покрај тежината се борела и со депресијата, а постојаното следење од папараците влијаела на нејзината психичка состојба.
„Се туркав себе си во амбис. Се обидов неколку пати да ја уништам Ана Николиќ. Ме нервираше. Не сакав повеќе да бидам Ана Николиќ. Повеќе пати го допрев дното. Сакав да ме нема, да не постојам. Што си направив на себе си. Не можев да сватам како дозволив да се здебелам 52 килограми“, изјавила Ана во едно од своите интервјуа за српските медиуми.