Ана Николиќ пред 15 години платила 30.000 евра за песна

Пејачката Ана Николиќ за брзо ги освои симпатиите на публиката кога пред 15 години првпат се појави на сцената. Таа сега рече дека ја има и најскапата песна во поп музиката и до ден денес многу луѓе сакаат да ја слушаат. Станува збор за песната „Romale romali“ со која се претстави на националниот избор за песна на Евровизија, во 2006 година.

„Уште од прво слушање се знаеше дека ќе биде голем хит, а не беше занемарлива и цената за која ја купив од Кики Лесендриќ“, рече Николиќ која додаде дека тогаш платила 30.000 евра, но бидејќи и денес е слушана, не згрешила.

Зоран Кики Лесендриќ неодамна зборуваше за соработката со Ана Николиќ, а потоа призна дека Ана многу го налутила, па затоа решил дебело да ѝ наплати за песната.

„Бев безобразен и дебело и наплатив, а од друга страна требаше да ѝ го направам целиот албум, се налутив па ѝ ја наплатив цената која сега мислам дека е оправдана“, рече Кики за „Блиц“.

„Во тоа време беше многу скапо да се продуцира, скапа беше и Марина, како и Љиља Јорговановиќ, песната секако ја оправда цената и ѝ донесе пари“, додаде тој одговарајќи на прашањето дали песната навистина вредела толку пари.

 

Scroll to Top