Ана Николиќ се онесвестила на снимање

Пејачката Ана Николиќ колабирала на проба додека ја подготвувала точката за новогодишниот настап, а нејзините најблиски соработници не можеле да ја повратат неколку минути. Ана се срушила во салата додека ја вежбала точката затоа што била исцрпена од диета и физички напор.

„Додека се обидувала да изведе едно комплицирано движење паднала и останала да лежи без свест. Во студиото настанала паника. Ја полевале со вода, ја повикувале, но таа не доаѓала при свест“, тврди извор и додава дека соработниците веднаш повикале доктор.

„Ѝ ги направија на Ана сите испитувања и ѝ дадоа инфузија за да закрепне.  Докторката рекла дека се префорсирала и дека треба малку да забави“,  рекол изворот.

Scroll to Top