Анабела ја повреди Рада Манојловиќ со коментарот за нејзината покојна мајка

Деновиве во центарот на вниманието, покрај новиот спот на Рада Манојловиќ, актуелен е и нејзиниот однос што го има со нејзината колешка Анабела. За потсетување, сѐ почнало со тоа што Луна по журката на која Рада пеела, изјавила дека таа брборела само за нејзиното момче. После тоа, следувале многубројни коментари, а Рада ѝ вратила со тоа дека секогаш ја поддржувала љубовта, но дека никако не можела да ја поддржи врската со оженет маж алудирајќи на врската што Анабела ја има.

Тоа ја испровоцирало Анабела, која на социјалните мрежи напишала дека Рада требало да праша како татко ѝ ја запознал мајка ѝ алудирајќи на тоа дека тој бил зафатен во времето кога тие двајца излегувале.

Рада овој коментар многу ја погоди, особено што таа својата мајка одамна ја има изгубено.

„Ужасно сум потресена во врска со тоа, не знам ни колку е паметно да коментирам. Веќе им кажав некои работи на ваши колеги од причина само да не премолчам ваква работа затоа што мислам дека тоа полека оди во насока на ненормалност, баналност и крајност. Да се зборува за некој на таков начин, кој не е жив, кој не може да се брани. Мене стомакот ме заболе“, беше искрена Рада.

Во желбата да слушнат што има Анабела да каже по сѐ на оваа тема, новинарите ја посетија и Анабела, која не сакаше да коментира.

„Немам коментар“, кратко порачала Анабела.

Рада Манојловиќ веќе повеќе од 10 години работи со полна пареа и важи за една од најангажираните пејачки на овие простори. Но, тоа сѐ не би се остварило доколку Рада немаше песни што се пеат, а најновата што ја издала ги надминала дури и нејзините очекувања!

Станува збор за песната „Живот на Месечината“, како и направениот спот за неа, кој повеќе изгледа како мини филм отколку како обичен спот за некоја песна.

„Многу сум среќна, сѐ уште не можам да се соземам од импресиите. Веќе трет ден како излезе песната, ги следам коментарите, мислењата на луѓето. Постојано сум на „Јутјуб“, на „Инстаграм“. Јас сум презадоволна. Песната е чудна, но и спотот е чуден и направивме многу добро спојување. Марина Туцаковиќ напиша текст, само таа знае да напише нешто вакво, Харис Дубица го направи спотот баш онака како што сакав да биде, малку фикција, малку измислено. Замисливме во нашата изведба некоја друга планета“, изјави Рада и додаде дека некои колеги ѝ честитале поради успесите што ги направила:

„Јас морам да кажам, од песната „Пола два“ и од дуелот со диџеј Шон „Два промила“, сѐ повеќе колеги почнаа да ми пишуваат и да ми честитаат. Морам да ги спомнам: Љупка Стевиќ, Николина Ковач, Катарина Грујиќ, Милица Павловиќ, Вања Мијатовиќ. Ме пофали и Саша Капор. Не вреди, сигурно ќе заборавам некого. Сите ѕвезди на ‘Гранд’, сите со кои се сретнав на снимањето, драго ми е и секогаш ми е убаво кога колегите ќе ме пофалат затоа што тоа не се случува често.

Во спотот се појавува и атрактивен манекен, кој веднаш му запнал на око на женскиот дел од публиката, а Рада за него вели дека воопшто ваквиот момент не му пречел на нејзиното момче Харис Берковиќ.

„Да ја кажам вистината или… (се смее). Па, Харис е како секој вистински маж, отиде во автомобилот да спие за да не го гледа тоа… (се смее). Се шегувам, тој се согласи. И јас и тој сме професионалци во нашата работа, ниту мене не ми е лесно кога нашите најубави манекенки глумат и се галат со него во кревет, но некои работи поради работата и кариерата мораме да ги разбереме и тој беше свесен дека во спотот ќе има манекен кој ќе се вика Амил и дека ќе го сврти вниманието на женскиот дел од публиката и, се разбира, сите фруги манекени што глумат работници, мислам дека тоа е добар потег“, вели таа.

 

 

 

 

Scroll to Top