Анабела: Ми се закануваат дека ќе ме убијат како Јелена

Српската пејачка Анабела, мајката на Луна Џогани била гостин во емисијата на реалното шоу „Задруга“ каде изјавила дека е загрижена за својот живот и животот на својата ќерка, бидејќи постојано добива потресни пораки од кои навистина се загрижувачки.

„Ми пишуваат дека јас и Луна ќе доживееме се и сешто, вели Анабала и додава дека има закани како „ Ќе завршиш како покојната пејачка Јелена“, сериозни работи од кои на секого ќе му се крене косата, раскажала Анабела Атијас.

„ Се обратив до надлежните органи, јас сум дете на 70-тите, кога органите беа бог и ќотек. Се надевам дека така ќе биде и сега и правдата ќе излезе на виделина, загрижена е пејачката за својата безбедност и животот на најмилите.

„ И немојте да мислите дека ако се заканувате од лажни профили дека невозможно е да ве најдат“, предупредила Анабела

Scroll to Top