Анастасија на Цеца избра црна венчаница

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, била модел на саемот за венчавки во Белград. Иако креаторите ѝ дале можност да избере што ќе носи, таа се решила за црна венчаница. Фотографијата направена за магазинот „Венчавки“ Анастасија ја објавила на „Инстаграм“.

Нејзина пријателка, што сакала да остане анонимна, за српски „Телеграф“ рекла дека, познавајќи ја Анастасија, не би ја изненадило таа и на сопствената венчавка да дојде во црн фустан.

Scroll to Top