Пејачката Анастасија Ражнатовиќ тајно му кажа „да“ на својот дечко, фудбалерот Немања Гудељ, а свадбената церемонија се одржа во присуство на нејзините најблиски роднини.
Анастасија беше облечена во бел елегантен фустан со прерамка преку едното рамо, додека на краевите имаше големи карнери. Таа за својот посебен ден облече фустан „Lanvin“ за кој потрошила неверојатни 2.559 евра, додека сандалите биле од брендот „Jimmy Choo“.
Немања и Анастасија не кријат колку се заљубени и колку се радуваат еден со друг, а нивната приказна започна сосема случајно. Како што во една прилика изјавил изворот за медиумите, тие двајцата се запознале преку заеднички пријатели и брзо се појавиле симпатии. По неколку заеднички состаноци, тие започнале врска.
„Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се во врска само еден месец, а таа пред неколку дена отпатува кај саканиот. Случајната средба преку заеднички пријатели промени се”, рекол извор на почетокот на нивната романса.
Светлана Цеца Ражнатовиќ ги сподели првите впечатоци и откри што им посака на младенците.
„Пресреќна сум, славиме љубов, што би посакала мајка за своето дете освен среќен и долг брак полн со љубов и почит“, изјавила пејачката за Курир.