Анастасија сака да стане светска ѕвезда

Анастасија Ражнатовиќ сака да стане светска музичка ѕвезда. Таа досега се занимаваше со моделинг, а пее само за своја душа или кога гостува во емисии заедно со мајка си.

„Работа од соништата ми е да бидам пејачка, по примерот на светските ѕвезди“, рекла таа.

Анастасија нема издадено ниту една песна, но го наследила талентот на Цеца и пее одлично, велат музичарите од Србија, кои сакаат да ѝ направат песна. Таа, пак, вели дека сè уште не нашла песна што ѝ одговара.

„Веќе сум подготвена да пеам, ама не би сакала да снимам што било, туку квалитетна песна“, изјавила Анастасија во интервју за „Ало“.

Scroll to Top