Аркан бил најдобриот егзекутор на ДБ

By

Минаа 18 години од немилиот настан кога Жељко Ражнатовиќ Аркан беше застрелан во хотелот „Интерконтинентал“. За него се раскажани многу приказни, а меѓу нив се сведоштвата на неколкумина негови блиски лица, чиј идентитет досега не ѝ е познат во јавноста.

„Аркан беше експониран во јавноста како силна личност, но и едно од оние 500 – 600 лица кои минале низ нашиот фокус за тие 15 години“, вели во интервју Божидар Спасиќ, поранешен функционер на ДБ.

Според неговите зборови, луѓето како Аркан секогаш биле на линијата меѓу криминалот и некриминалот.

Со ваквите лица секогаш контактирале криминалистичката полиција и јавната безбедност. А ние во јавната безбедност имавме свои пријатели кои би ни јавиле за таквите лица. Тогаш ќе закажев состанок во хотел или кафеана. Разговорите почнуваа со приказната ‘Е остај го ова овде, би можел ли нешто да направиш за државата во странство’“, вели Спасиќ.

Тој изјавил дека не работел непосредно со Аркан.

„Кога ја презедеов должноста главен шеф за тие операции Аркан веќе во Белград имаше направено неколку глупости. Пукаше на полицијата и службите веднаш се тргнаа од него. Аркан во 1982 година учествуваше во тие ликвидации и беше наш најдобар егзекутор“, раскажува Спасиќ.

Небојша Тубиќ – Жабац, инаку поранешен маж на пејачката Гоца Божиновска, во една пригода раскажа анегдота за Аркан, како успеал да ограби две банки за еден ден во истата улица во Милано.

„Во слаткарницата на Аркан секогаш нарачував ист специјалитет. Парче торта покриено со сладолед. Аркан во таа слаткарница го имаше најдобриот сладолед. И тоа беше мој специјалитет. И кога и да дојдев кај Аркан велев: ‘Дај ми го мојот рецепт’. По 4-5 месеци ќе ми кажеше: ‘Па ј***м ти сунце твоје, дај ми го па дај ми го специјалитетот на Жабац, а на вагата си се здебелил 120 килограми’“, се присетува Тубиќ на зборовите на Аркан.

Се потсетил дека Аркан во Милано бил познат под псевдонимот Марио Валентино.

„Тие како клинци ограбиле банка и создале хаос на една улица. Додека траел увидот на полицијата, тие ограбиле друга банка преку патот. Беа неверојатни“, вели тој.

За првата средба со Аркан и необичниот подарок што го добил раскажа и еден од најпознатите југословенски пејачи Зоран Калезиќ.

„Мојата покојна жена беше најдобра пријателка на неговата прва сопруга. Го запознав случајно во Црна Гора. Имаше некоја мешаница, не го ни забележав, не знаев ниту кој е ниту што е тој ден. Не ме интересираше. Некои девојчиња ми бараа автограм. Повикав келнер за да ми даде пенкало. И тој ме праша: ‘Вие немате пенкало?’ Потоа ја прати својата тогашна ссопруга, мајката на Михајло, да ми донесе златно пенкало“, се присетува Калезиќ.

 

 

Ќе ви се допадне