Српската група „Бајага и инструктори“, ја има во учебникот по Музичка култура за четврта година од општествено јазичниот курс во средните училишта во Србија, објави гитаристот на бендот Живорад Жика Миленковиќ. Тој ја покажа фотографијата од страницата од учебникот во рубриката „Рок музика“.
Од другата страна на учебникот се напишани акордите за популарната песна од 1997 година, „Буџење раног пролећа“. За потсетување, „Бајага и инструктори“ е рок-група основана од композиторот, текстописец и гитарист Момчило Бајагиќ Бајага во 1984 година.
Истата година го издадоа првиот албум „Позитивна географија“, а до 2020 година се објавени вкупно 11 албуми. Во книгата „Ју 100: најдобри албуми на југословенската поп и рок музика“, рангирани се четири албуми на оваа група: „Са друге стране јастука“ (13. место), „Позитивна географија“ (37.), „Јахачи магле“ (број 58) и „Продавница тајни“ (79.).
Групата оттогаш има одржано бројни концерти во поранешна Југославија, но и во светот“, пишува во учебникот.