Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ ќе пеат на МАС

Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ го потврдија своето учество на МАС кој ќе се одржи на Штарк Арена на 29 јануари.

„Мило ми е дека прв пат ќе се организира манифестација како With Best Regards во Белград и која на професионален и врвен начин ќе направи еден музички пресек на сè што е најквалитетно и најпопуларно во целиот регион. Се гледаме на MAC воедно да прославиме 35 години музицирање на Бајага&Инструктори. Добре дојдовте!” – вели Момчило Бајагиќ – Бајага.

И Петар Грашо ќе настапи на сцената на Штарк Арена на 29 јануари, па вели: „Манифестацијата MAC и самиот концепт е исклучително важен и создава поширока слика на она добро што се случува на музички план во регионот, и воедно ги собира сите квалитетни изведувачи кои ја обележаа годината, како во етерот така и во полните сали. Се радувам што ќе бидам дел од спектаклот.“

MAC ќе ги собере најголемите регионални музички ѕвезди на едно место, а организаторите најавуваат дека во следните денови ќе бидат објавени и останатите имиња на изведувачите кои ќе настапат на манифестацијата.

Scroll to Top