Бајага сите свои песни ги посветил на сопругата Емилија

Момчило Бајагиќ Бајага е еден од ретките музичари од српската јавна сцена кои својот живот и својата приватност ги  држат далеку од очите на јавноста.

Ниту неговата сопруга не се експонира премногу во медиумите, а ретки се настаните на кои се појавува со сопругот. Можеби тоа е и еден од начините  својата љубов да ја одржат толку години, поточно 36 години.

Момчило и Емилија се во брак од 1989 година, а пред тоа седум години живееле заедно. Интересен е начинот на кој се запознале, во автобус.

Ема престојувала во Земун, а се запознале во автобус. „Во автобус првпат ја прашав дали би сакала да излезе со мене во недела, а таа рече дека во недела не излегува. Мене тоа  како да ме олади затоа што кој не излегува во недела? Ема веројатно излегува во сабота, од каде да знам. Не поставив дополнително прашање, ми беше непријатно. Дури по неколку месеци продолживме“, истакнал Бајага во интервју за „Новости“.

Музичарот призна дека сите песни ги посветил на Ема, која не била лесен багаж во периодот на неговата слава.

„Врска како врска,  но на Ема, секако, не ѝ беше лесно. Кога си јавна личност се појавуваат нешта за тебе во медиумите. Ема тоа навистина добро го поднесе, особено во првите години од нашето забавување, кои беа најлуди. Ние не можевме да одиме на летување некаде каде што ќе нè препознаат сите. Се сеќавам дека едно лето отидовме на некоја далечна плажа за да бидеме сами. Но, од никаде се појавија петмина лица кои седеа и пиеја со нас. Тоа веројатно им било интересно. Мене најглупата фора ми беше да велам дека немам девојка и дека ме бркаат многу девојки. Луѓето те сакаат поради музиката. Доколку не правев добри песни, не би ме сакале“, искрено рече Бајага.

Scroll to Top