Турската актерка Бергузар Корел вели дека планира да направи пауза од глумењето и во иднина да му се посвети на семејството.
Во март годинава таа и нејзиниот сопруг и колега Халит Ергенџ го добија второто дете, синот Хан. Покрај Хан, тие го имаат и десетгодишниот Алиј.
Бергузар, која е позната по улогата на Шехерезад, вели дека планира во целост да му се посвети на мајчинството.
Поради тоа што актерската работа е исклучително преизвикувачка и бара многу одрекувања, патувања и непреспиени часови, глумицата одлучила кариерата да ја остави на страна и вниманието да го насочи кон синовите и сопругот.
За турските медиуми вели дека не може да работи со ист интензитет и ритам како претходно и дека предноста сега ќе му ја даде на семејството.