Боба Живојиновиќ и Лепа Брена се во брак од 1987 година. Во едно од интервјуата поранешната тениска ѕвезда ја откри тајната за долгиот брак и рече дека не може да живее без сопругата со која ги има синовите Стефан и Виктор.
Боба зборуваше за приватниот живот и за тоа колку му смета што во јавноста повеќе е познат како сопруг на Брена.
„Не ми пречи што луѓето ќе кажат дека сум сопруг на Брена“, рече Боба, кој зад себе има голем број бизниси, како што се компаните „Гранд слем“, „Гранд продукција“ и „Гранд моторс“.
За бракот со Брена рече дека, како и секој се заснова на меѓусебно почитување и дека човек секогаш мора да прави компромиси како и за сè друго во животот, ако сака да успее.
„Што би рекла баба ми, кога двајцата ќе го влечат јажето, секој на своја страна, на крајот ќе се скине. Така е за се во животот. Истото важи и за бракот, пријателството и работата. Понекогаш човек треба да даде за да добие. Така и го одржавме бракот со Брена 37 години“, рече Боба кој додаде дека откако почна кризата со короната, врската уште повеќе им се зацврстила бидејќи постојано биле заедно.
„Кога бевме заедно врската доби друга димензија. Но, откако се разделивме работите се поинакви. Кога она беше во Белград, а јас во Америка ми недостасуваше. Мислам дека и таа го чувствува истото. Во тој период создадовме силни чувства, кои мислам дека се причината за бракот да ни трае“, рече Боба.