Бора Чорба се разведува третпат

Пејачот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, се разведува по третпат. Барањето за развод го поднела Дубравка Милаковиќ, 40-годишната сопруга на Бора. Според извори блиски до пејачот, пред неколку месеци почнале сериозни кавги и расправии меѓу сопружниците, поттикнати од нејзината љубомора. Дубравка не можела да го поднесе големиот број жени што се постојано во негово друштво, ниту честите отсуства од дома, а тој, пак, не можел да ги слуша постојаните префрлувања.

Бора и Дубравка се венчале тајно на 5 мај минатата година. Пред неа бил женет двапати. Со првата сопруга Драгана бил во брак 30 години, а потоа се венчал со 28 години помладата Александра Савиќ, со која се развел по четири години брак.

Scroll to Top