Брена и Александра Пријовиќ пак се скараа

Лепа Брена и Александра Пријовиќ наводно се скарале пред свадбата, која е закажана на 21 јуни, пренесоа српските медиуми.

Кавгата била околу списокот на гости и нивното сместување во салата каде што ќе се одржи веселбата.

Пријовиќ сакала нејзиното и друштвото на Филип да бидат поблиску до музиката, на што Брена се навредила.

„Александра и Брена постојано се консултираат околу сите детали поврзани со свадбата. Мислењата им се различни, па се случува и девете да не зборуваат и по неколку дена. Овој пат причина за расправијата бил распоредот на седење на гостите. Пријовиќ барала нивното друштво да седи што поблиску до музиката бидејќи биле млади и повеќе ќе се веселеле“, рекол за медиумите близок на семејството Живојиновиќ.

На ова, наводно Брена се налутила и коментирала дека не се само младите тие што се веселат. „Брена смета дека сите подеднакво се веселат, како и дека не е убаво постарите генерации да седат подалеку од музиката. Брена предложила дека не треба да биде важно кој каде ќе седи, туку да се спојат на иста маса луѓето кои се знаат и приватно“, наведува изворот.

Scroll to Top