Брена доби награда за национален уметник

Српската пејачка Лепа Брена ја доби наградата за национален уметник, која ја доделува Здружението на поп и музички уметници на Србија (СЕМУС).

Оваа престижна награда на балканската ѕвезда ѝ беше врачена во студиото на РТС во Кошутњак. Пејачката вели дека ова е уште една потврда дека нејзината кариера со причина трае повеќе од 40 години.

– Голема чест е да се добие вакво признание, пресреќен сум. Сите овие години се трудев кариерата да ја градам исклучиво со добри песни. Трудот и работата секогаш се исплатат, само треба да верувате во себе. Благодарност до публиката, бидејќи без нив денеска немаше да бидам тука – кажа Брена.










		
		
			
Scroll to Top