Брена: Добивам панични напади, се гушам и не можам да издржам

Балканската фолк-ѕвезда Лепа Брена си ја отвори душата, па призна дека пати од клаустрофобија. Но, не е само тоа проблем. Таа открила дека често добива панични напади.

„Неможем да се возам во лифт. Ме гуши затворениот простор. Се плашам кога има многу луѓе околу мене и ми го земаат воздухот. Несакам затворени простории. Проблем ми се и паничните напади, па не ретко се борам со тоа. Особено кога некој ќе ме гушне, во тој миг мислам дека сакам да излезам од сопственото тело, почнува да се гушам“, рекла Брена.

Таа открила и дека несака да се вози во авион. И тогаш добива паничен напад.

„Кога стујардесата еднаш ја затвори вратата од авионот, одеднаш почна да ми се чини дека тој се стеснува. Незнаев како да си помогнам. Почнав да се гушам. Срцето почна силно да ми чука, се препотив. Неможе во тој миг никој да ти помогне, освен само ако не се соземеш“, открила Брена.

Scroll to Top