Дарко Лазиќ снимен како се дрогира

Српскиот портал „Курир“ објави фотографии од фолк-пејачот Дарко Лазиќ како зема кокаин. Фотографиите се земени од снимка направена со мобилен телефон од страна на некој од присутните во просторијата. Според порталот, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ бил во друштво на неколку пријатели. Тој со раката најпрво го поделил белиот прав, потоа го вшмркал во носот, а на крајот со прст го размачкал и на непцата.

Лазиќ е познат по своето скандалозно однесување. Тој неодамна поради недолично однесување бил исфрлен од свадбата на којашто пеел, а на интернет се појавија и фотографии на кои се бакнува со маж. Неговата сопруга Ана, пак, го изневерувала со Аца Лукас, а за ова дознал преку медиумите.

Порталот најавува дека наскоро ќе ја објави и видеоснимката која била донесена во нивната редакција од страна на човекот што ја снимил.

Scroll to Top