Поранешниот фудбалер и претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, не се појавил на венчавката на неговата ќерка Тамара, пишуваат српските медиуми. Тамара изминатиот викенд се омажила за фудбалерот Александар Каписода.
Таа и сопругот пред три месеци добија ќерка, а за венчавката направија забава во хотел во Црна Гора. Иако стигнаа голем број нивни пријатели и членови од семејството, меѓу нив не беше Савичевиќ.
Легендарниот фудбалер засега се нема огласено зошто не дошол на венчавката на ќерка му, а неговиот зет Александар не сакаше да дава никаков коментар.
„Не сум дел од таа приказна и не сакам да коментирам. Морате да ме разберете. Во секој случај ви благодарам на честитките“, изјавил кратко Каписода.