Дино Мерлин распродаде четири концерти во Белградска Арена за само неколку дена. И додека од една страна има голем број на оние во Србија кои едвај чекаат да го слушнат познатиот пејач во живо, има и такви кои потпишуваат петиција за забрана за влез во Србија.
Причина за тоа се наводните изјави за Србите кои Дино ги дал во текот на деведесеттите. Сето тоа еднаш го демантирал, во 2011 година, кога исто така дошол во Белград за да одржи неколку концерти и кога атмосферата во јавноста многу наликувала на денешната.
„Прво, никогаш не сум рекол дека мразам некој. Тој глагол не постои кај мене, тоа е озлогласена лага. Толку многу што се пишуваше за мене низ годините е целосно измислено. Но, има некои работи кои ми беа став. Има една изрека која вели – нема пат што почнува од никаде. Мојот пат води од Сараево. Не толку одамна Сараево беше под долга опсада од 1.395 дена. Едно утро се разбудив неиспровоциран под снајпери и гранати. Таму немаше струја и вода. Тоа беше страшно. Кога ќе падне граната на точката А знаеш дека за 10 секунди ќе падне блиску таму. Ако си го избегнал првото тогаш како Чак Норис се фрлаш на сараевскиот асфалт за да ја избегнеш втората. Тоа беше секојдневието. Во тој лет можеби кажав полоши работи“, рекол Мерлин во 2011 година во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“.
Дино потоа истакнал дека работите се извадени од контекст.
„Во тие часови кога се продолжува и продолжува, мислиш дека нема ништо добро во луѓето, дека нема иднина, туку дека има само овој момент да се преживее. Јас сум верник, но во такви моменти мислиш дека нема ништо добро на небото или на земјата. Само да останеш да преживееш со помош на сопствените сили. Јас потекнувам од таква атмосфера. Кој сака војна, нека е во неговата куќа“, изјавил тогаш Мерлин.
Ова не е првпат да се крева прашина за гостување на регионална музичка ѕвезда во Србија. Така беше и кога беше најавен концертот на Тереза Кесовија во Белград. Тогаш јавноста во Хрватска силно негодуваше
Воминатото имало и такви музичари кои самите изјавиле дека не сакаат да дојдат во Србија да настапуваат. Еден од нив е Мишо Ковач, кој во една прилика изјавил дека „ни за 100 милиони не би пеел во Србија“. Исто така, и Оливер Драгојевиќ ќе остане запаметен по тоа што и покрај големиот интерес на публиката, тој не сакал да ја погази својата одлука никогаш повеќе да не пее во српската престолнина.
Светлана Цеца Ражнатовиќ е една од оние естрадни ѕвезди од овие простори која се уште е децидна дека нема да пее во Хрватска. Таа пред 10 години за Вечерње новости потврдила дека не го сменила мислењето за тоа.
„Мојот одговор на тоа прашање не е променет и е големо – не. Ја почитувам публиката од сите области на поранешна Југославија и ги поканувам сите на моите концерти каде и да настапувам. Цел живот исклучиво се занимавам со музика и ги пеам најубавите љубовни песни, немам амбиција да настапувам ниту во Загреб, ниту во Сараево“, изјавила тогаш Цеца.
Има и друга страна на приказната, а тоа е забраната за концерти на одредени пејачи во одредени земји. Со ова се соочија пејачите од Србија кога им забранија настап во Хрватска. Драган Којиќ Кеба, Ана Бекута и неколку нивни колешки добија забрана. Имаше и такви кои сакаа да го забранат концертот, но не успеаја – како на пример концертот на Лепа Брена во Хрватска.