Српскиот актер Драган Јовановиќ, кој се прослави со многубројни улоги во играни филмови и ТВ-серии, се повлекува од глумата.
Актерот вели дека се одлучил на ваков чекор поради болест, а паузата може да трае и неколку години.
– Вистина е дека се повлекувам од сцената на одредено време. Последните години трпам големи болки во грбот предизвикани од дискус хернија. По секоја одиграна претстава, се чувствувам многу лошо, ми требаат неколку дена за да закрепнам. Се повлекувам кон крајот на сезоната, во јуни-јули. Не знам колку ќе трае паузата, можеби една, можеби две-три години – вели Јовановиќ за „Глорија“.
Драган е активен актер веќе 30 години, првата улога ја имал во 1988 година.