Драгана Мирковиќ откри дали ќе ја прифати понудата на Лепа Брена за „Ѕвездите на Гранд“

By

Пејачката Драгана Мирковиќ вели дека нејзиниот ангажман во „Пинкови ѕвезди“, бил многу стресен, но како што вели таа за медиумите, ако Лепа Брена би се согласила да стане член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, тогаш таа понуда би ја прифатила.

dobivaj vesti na viber

Бидејќи се зборува дека Аца Лукас ќе ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, на големо се шпекулира кој би можел да го замени, а новинарите се прашуваат дали Драгана е заинтересирана за местото на судија во ова натпреварување.

– Саша Поповиќ најави промена во жирито, дали постои можност да ве видиме уште еднаш во некое жири, или дефинитивно рековте: Не?

 „Па знаете што, мене тоа ми беше и онака веќе стресно, и по малку тоа е една психолошка игра која не одвлекува од некоја главна задача, а тоа е да им помагаме на тимот со млади луѓе. Јас ја разбирам борбата за рејтинг, но можеби таму би било малку поинаку“, изјави Мирковиќ.

  • Доколку ве повика Лепа Брена, што би и рекле?

 Па на Лепа Брена тешко можам да кажам: Не!“, низ смеа изјави Драгана и додаде дека сјајно си поминува на турнејата низ Америка.

 Беше фантастично! Беше прекрасно да се дружам со таа публика, која ме дочека со толкава љубов, тоа е просто неопишливо. Тогаш се разбира и некои приватни работи кои се случија. Едноставно се чувствував фантастично“, изјави пејачката.

Ќе ви се допадне