Душко ја отвори Карлеуша!

Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша на 28 јуни ќе прослават 10 години од својот брак, а познатиот фудбалер веќе нашол совршен подарок за својата сопруга.

Бидејќи српската пејачка често престојува во Истанбул, нејзиниот сопруг решил да и купи вила вредна дури милион евра. Како пренесуваат српските медиуми, му била потребна помош да дојде до сопственикот на вилата, па побарал помош од негови познаници со цел да стапи во контакт со него.

На крајот се договориле куќата да биде во сопственост на Јелена за 1.5 милион евра. Вилата има 350 квадратни метри, голем двор и тераса со базен. Има повеќе спални соби, две бањи, голема дневна соба, голема кујна и неколку посебни простории од која една е наменета за опуштање. Душко веќе дал капар за куќата, а до нивната годишнина од бракот би требало веќе да ја исплати.

Scroll to Top