„Душмани, за инает не умирам!“

Српскиот фолк-пејач Џеј Рамадановски им порача на сите што деновиве пишуваа дека починал: „Нека цркнат оние кои ми мислат најлошо. Уште не умирам“. Во Србија се појавија лажни вести дека починал, но Џеј вели дека не се предава и се чувствува добро по операцијата на срцето. Џеј се оперирал пред неколку денови во една клиника во Виена.

„Нека цркнат оние кои ми мислат најлошо. Уште не умирам! Нормално се чувствувам по операцијата на срцето. Иако не сум сосема најдобро бидејќи уште закрепнувам, тоа не значи дека треба веќе да ме закопаат во црна земја“, додал Џеј.

„За мојата умирачка зборуваат тие што не можат да ме смислат, тие на кои сум им трн во око на естрадата и во животот. Навистина не ми е јасно колку има луѓе со болни умови“, рекол Џеј.

Scroll to Top